Списанијата претставуваат значаен дел од периодичните публикации кои го следат развојот на македонската национална мисла.

Тие се важен извор за проучување на историјата на македонскиот народ, особено во областите на културата, традицијата и книжевноста.

Дел од списанијата се некомплетни, пишувани на други јазици и објавувани надвор од територијата на Македонија, што дополнително ја зголемува нивната документарна и историска вредност.

Овие списанија претставуваат значаен материјал за истражување на македонската културна и општествена историја.