Илинденски пат
„Илинденски пат“ е весник — орган на Народноослободителниот фронт на Македонија, кој започнува да излегува во 1944 година, во еден од најтурбулентните и пресудни периоди од македонската историја. Наменет за повозрасна и општествено ангажирана читателска публика, весникот претставувал важен глас на времето, преку кој се ширеле идеите за слобода, отпор и национално ослободување.
Во услови на војна и ограничени комуникациски можности, „Илинденски пат“ имал значајна улога во информирањето, охрабрувањето и мобилизирањето на населението, истовремено придонесувајќи кон оформувањето на јавната свест и колективната меморија за Народноослободителната борба.
Погледнете го записот во COBISS.mk:
https://plus-legacy.cobiss.net/cobiss/mk/mk/bib/80639498